Уште шест брода испловија од Украина во рамките на испораката на жито

Министерството за национална одбрана на Туркије (Турција) соопшти дека уште шест бродови испловиле од Украина во рамките на испораката на жито.

„Испораката на жито продолжува според планираното. Денеска од украинските пристаништа испловија уште шест бродови“, се истакнува во соопштението на турското Министерство.

Со посредство на Туркије, Обединетите нации (ОН) и Русија, на 22 јули во Истанбул е потпишан договор за обнова на украинската испорака на жито од три црноморски пристаништа.

Според договорот, воспоставен е координативен центар за спроведување заеднички инспекции на влезовите и излезите од пристаништата, осигурувајќи безбедност на рутите. Првиот брод исплови на 1 август.

Центарот во Истанбул официјално почна да функционира на 27 јули, а се состои од претставници на трите држави и ОН.

AA
Популарни