Вчера во Газа влегоа уште 102 камиони со хуманитарна помош / Photo: AA

Палестинската Црвена полумесечина објави дека уште 102 камиони со помош влегле во блокираниот Појас Газа преку граничниот премин Рафа.

Во соопштението на палестинската Црвена полумесечина се наведува дека нивните екипи примиле уште 102 камиони со хуманитарна помош од египетската Црвена полумесечина преку граничниот премин Рафа.

Четириесет и шест камиони пренесувале храна, 11 камиони вода, четири камиони лекови, 11 камиони санитарен материјал, четири камиони ќебиња, два камиона облека, а 24 камиони други потребни работи за луѓето во Газа.

Во соопштението се наведува дека досега во регионот на Газа пристигнале 374 камиони со помош, нагласувајќи дека сѐ уште не е дозволено доставување гориво.

Две недели по почетокот на израелските напади врз Појасот Газа, на 21 октомври преку граничниот премин Рафа, во регионот влезе првиот конвој од 20 камиони што пренесуваа медицински материјали и храна.

TRT Balkan / агенции
Популарни