Хант изјави дека не е вистинско време Велика Британија да ја признае Палестина / Photo: Reuters

Британскиот министер за финансии Џереми Хант во средата изјави дека не е вистинско време Велика Британија да ја признае Палестина како држава.

„Ние имаме долгогодишен став дека ќе бидеме подготвени да ја признаеме државата Палестина во време кога тоа е најкорисно за мировниот процес“, изјави Хант за Скај Њуз.

На прашањето дали Велика Британија ќе ја следи одлуката на Ирска, Шпанија и Норвешка да ја признаат Палестина, Хант рече дека „сега не е вистинското време за тоа“.

Норвешка, Шпанија и Ирска во средата објавија дека ја признаваат независната палестинска држава и дека одлуката ќе стапи на сила на 28 мај.

AA
Популарни