Во каналот Ла Манш во тек е операција на пребарување и спасување мигранти по големиот инцидент во кој учествуваше чамец, соопшти британската крајбрежна стража.
Локалните медиуми објавија за стравувањето дека има мртви, како и дека на чамецот биле 30 мигранти.
Во операцијата учествуваат хеликоптери на крајбрежната стража, како и хеликоптери на француската морнарица.
„Свесни сме за инцидентот во водите на Велика Британија и сите релевантни агенции поддржуваат координиран одговор“, рече портпаролот на Владата, пренесоа локалните медиуми.
До инцидентот дојде во време на известување за се поголем број мали бродови кои доаѓаат од Франција преку Ла Манш.
AA