Велика Британија: Здравствени работници со нови штрајкови во мај

Велика Британија: Здравствени работници со нови штрајкови во мај

Вработените во голем број амбуланти и други здравствени установи ќе штрајкуваат на 2 мај
Велика Британија: Здравствени работници со нови штрајкови во мај / Photo: AA

Јунајт, еден од најголемите синдикати во Велика Британија, најави нови штрајкови на Националната здравствена служба (НХС) во мај.

Вработените во голем број амбуланти и други здравствени установи ќе штрајкуваат на 2 мај, соопшти Јунајт.

Ова следуваше по денешната најава дека вработените во амбулантната служба „Гај и Ст. Томас“ и „Јоркшир“ ќе штрајкуваат на 1 мај.

„Паушалната исплата и уште едно вистинско намалување на платите не ги надминуваат предизвиците со кои се соочуваат работниците на НХС“, рече генералната секретарка на Јунајт, Шерон Грахам.

За разлика од другите здравствени синдикати, Јунајт не им препорача на своите членови да ја прифатат понудата на Владата за исплата на неконсолидиран паричен паушален износ за 2022/2023 и зголемување од пет отсто за 2023/2024 година, со моментната реална стапка на инфлација од 13,5 отсто.

Отфрлајќи ја владината понуда за платите, медицинските сестри во Англија, исто така, неодамна објавија дека ќе штрајкуваат 48 часа од 30 април до 2 мај.

„Она што е понудено досега едноставно не е доволно. Владата треба да го зголеми она што е веќе понудено и ние ќе бидеме многу критични за секој чекор тоа да се намали“, рече Пат Кулен, генерална секретарка на Кралскиот колеџ за медицински сестри во писмото до државниот министер за здравство Стив Баркли.

TRT Balkan / агенции
Популарни