Израелската армија продолжува да го напаѓа здравствениот систем во северниот дел на Појасот Газа / Фото: AA

Владата во Газа побара итно отворање безбедносен коридор за спас на здравствениот систем на северот на Појасот Газа, кој е под интензивни напади и блокада од израелската армија.

Од владината Канцеларија за медиуми во Газа истакнаа дека здравствениот систем на северот на Појасот Газа минува низ невидена криза.

„Северниот дел на Појасот Газа минува низ катастрофална и невидена ситуација поради нападите и опсадата од окупаторскиот Израел. Бараме итно и безбедно отворање на коридорот за да се спаси здравствениот систем од оваа катастрофална ситуација“, објави владината Канцеларија за медиуми.

Израелската армија продолжува да го напаѓа здравствениот систем во северниот дел на Појасот Газа, со што може да престане функционирањето на четири болници што работат со ограничени ресурси.

Во соопштението се наведува дека Израел побарал од сите медицински тимови да ги евакуираат болниците „Кемал Адван“, „Ал-Авде“, Индонезиската болница и болницата „Јемен Ал Саид“.

Канцеларијата за медиуми ги повика меѓународната заедница и сите меѓународни организации да интервенираат за оваа ситуација.

Израелската армија веќе 12 дена спроведува интензивни копнени и воздушни напади врз бегалскиот камп Џабалија, градовите Беит Лахија и Беит Ханун на северот од Појасот Газа.

Израелските војници што го опколуваат регионот пукаат во сѐ што се движи и спречуваат влез и излез од тој дел на палестинската енклава.

AA
Популарни