За муслиманите, Ал Акса е третото најважно светилиште, а Евреите тврдат дека порано на тоа место имало два еврејски храма / Photo: AA

Околу 80.000 палестински верници ја молеа првата петочна молитва во овогодинешниот Рамазан, месецот на постот, во џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Ерусалим (Ал-Кудс) и покрај израелските ограничувања.

Десетици илјади Палестинци од раните утрински часови ги поминаа воените контролни пунктови меѓу Западниот Брег и Ал Кудс и се упатија кон Ал Акса. По неколкучасовно патување, Палестинците пеш стигнаа до Ал Акса и таму ја молеа првата џума намаз на Рамазан.

Администрацијата на исламските вакуфи во Ал-Кудс соопшти дека 80.000 Палестинци ја молеле петочната молитва.

Имамот и Хатиб од џамијата Ал Акса Екрима Сабри, ги пофали оние кои дојдоа во Ал Акса и покрај ограничувањата во проповедта.

„Оваа ваша света прошетка испраќа порака до оние кои ја посакуваат Ал Акса, дека таа не може да се подели, дека им припаѓа само на муслиманите и дека преговорите за тоа нема да бидат дозволени“, рече Сабри.

Тој критикуваше „некои арапски и исламски земји што молчат пред израелските напади врз Газа, додека други само издадоа изјави за осуда“.

Израелската полиција од утрото е стационирана во близина на Ал Акса, каде со железни бариери ги затвори патиштата околу Стариот град.

Израелската државна телевизија КАН објави дека 3.000 израелски полицајци се распоредени во Ал Кудс.

Израелската полиција која го проверуваше идентитетот на Палестинците кои сакаа да одат во Ал Акса на петочна молитва, не дозволи многумина да влезат во ова свето место.

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека израелските сили не дозволиле медицински тимови да влезат во џамијата Ал Акса.

Израел го ограничи пристапот на палестинските верници до џамијата Ал Акса поради зголемените тензии низ окупираниот Западен Брег поради офанзивата на израелската армија врз Појасот Газа во која загинаа повеќе од 31.490 Палестинци.

За муслиманите, Ал Акса е третото најважно светилиште, а Евреите тврдат дека порано на тоа место имало два еврејски храма.

Комплексот Ал Акса, кој зафаќа 15 отсто од областа на старото јадро на Ал-Кудс, е под израелска окупација и претставува точка на средба на трите најголеми религии во светот.

Израел го окупираше источниот дел на Ал-Кудс, каде што се наоѓа Ал-Акса, за време на арапско-израелската војна во 1967 година. Израел го анектираше целиот град во 1980 година, а оваа акција никогаш не беше призната од меѓународната заедница.

AA
Популарни