Во американските напади во Сирија загинаа повеќе цивили и војници / Photo: AA

Во американските напади на истокот на Сирија загинаа неколку цивили и војници на сирискиот режим, а неколку лица се ранети, објави денес државната новинска агенција САНА.

„Американските окупациски сили извршија еклатантен воздушен напад врз бројни локации и градови во источните делови на Сирија и во близина на сириско-ирачката граница“, објави САНА наведувајќи соопштение од сириското Министерство за одбрана.

Се додава дека во нападот загинале „повеќе цивили и воен персонал, има и ранети, а нанесена е и значителна штета на јавен и приватен имот“, без давање дополнителни детали.

Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) доцна синоќа објави дека извршила воздушни напади врз позиции на силите на Иранската револуционерна гарда и нејзините други групи во Ирак и Сирија.

ЦЕНТКОМ наведе дека првпат извршил напади во регионот како одговор на нападот врз американската база на сириско-јорданската граница на 28 јануари, во кој загинаа тројца американски војници во Јордан.

TRT Balkan / агенции
Популарни