Петнаесеттиот турски брод на добрината за Газа пристигна во пристаништето Ел-Ариш во Египет.
Под координација на АФАД и со поддршка на турските граѓански организации, стана возможно да се испрати 15-тиот Брод на добрината во Газа, со помош за палестинскиот народ, кој превезува вкупно 1.956 тони хуманитарна помош.
Досега се реализирани 15 поморски мисии, 14 воздушни мисии, набавки од локални извори, како и соработка со УНРВА.
Со оваа пратка вкупната количина на хуманитарна помош испратена во Газа достигна 96.131 тони.
TRT Balkan