Во Италија 2022 година беше најтопла во последните 222 години / Photo: Reuters

Годината во заминување беше најтоплата во Италија од 1800 година, кога почнаа мерењето на температурата, објави Националниот истражувачки центар на Италија.

Високите температури забележани во декември 2022 година се во согласност со преостанатите 11 месеци, според климатологот на Центарот Бернардо Гозини.

Годишниот рекорд е за високи и просечни температури, рече Гозини, додека рекордот за ниски температури е поставен во 2018 година.

Во новогодишната ноќ се очекува температурата ширум земјата да биде до шест степени Целзиусови над просекот.

Италија оваа година ја доживеа најтешката суша во последните 70 години поради екстремните горештини и недостатокот на врнежи во текот на годината.

Сушата предизвика губиток од шест милијарди евра, особено во земјоделскиот сектор, наведува Локдирети, најголемата организација на фармери на национално и европско ниво со милион и пол членови.

TRT Balkan / агенции
Популарни