Во израелски напад на Либан загинаа седум лица / Photo: AA

Седум лица загинаа, а четворица се повредени во воздушен напад на израелската војска во јужен Либан.

Според веста на државната палестинска новинска агенција ВАФА, извори од Организацијата за цивилна одбрана во Либан соопштија дека израелските воени авиони извеле воздушен напад врз Центарот на либанската асоцијација за итна помош поврзана со Џемаат ал Ислами во градот Ал-Хабарија на југот на земјата.

Според државната либанска агенција ННА, во нападот загинале седум лица од тимот за итна помош, а четири се повредени.

AA
Популарни