Сопругата и двете деца на новинарот на Ал Џезира во Појасот Газа, Ваел ал Дахдух, беа убиени во израелски воздушен напад во средата, јави телевизијата Ал Џезира со седиште во Доха.
„Сопругата, синот и ќерката на дописникот се убиени во напад на куќа во јужниот дел на Појасот Газа“, објави катарската телевизија.
Семејството беше раселено по израелските напади и се смести во куќа во бегалскиот камп Нусејрат во јужниот дел на Газа.
Според Ал Џезира, ал-Дахдух, дописник на арапската телевизија, известувал за израелските воздушни напади кога ја добил веста за смртта на неговото семејство.
Објавена е снимка од Ваел ал Дахдух како се збогува со својот син во болница и го држи телото на неговата ќерка.
AA