Бројот на убиени во Појасот Газа во безмилосните израелски напади од 7 октомври минатата година достигна 37.658, објави денес Министерството за здравство во опколената енклава.
Најмалку 86.237 луѓе се ранети во нападите, се додава во соопштението на Министерството, додека смртоносните напади на Израел траат веќе 263 дена.
„Само во последните 24 часа, израелските сили убиле 32 лица и раниле 139 во три масакри на семејства“, соопшти исто така Министерството.
Се додава дека многу луѓе сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можеле да стигнат до нив.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна одлука им нареди на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа.
И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.