Се очекува Саудиска Арабија за аџилакот оваа година да прими над 2 милиони аџии. / Photo: AA Archive 

Пристигнаа првата група аџии во Саудиска Арабија за овогодинешниот аџилак, потврди Министерството за аџилак и умра на земјата.

Министерството сподели фотографии од аџиите на својот твитер-профил.

Се очекува Саудиска Арабија за аџилакот оваа година да прими над 2 милиони аџии.

Аџилакот е еден од петте столбови на исламот и е патување што секој возрасен муслиман мора да го направи барем еднаш во животот доколку има финансиски средства.

AA
Популарни