Пловечката платформа е наменета за обезбедување хуманитарна помош по морски пат до појасот Газа / Фото: AA

Американски воен брод се закотви во близина на Појасот Газа и треба да учествува во градежните работи на привременето пристаниште што Вашингтон го најави во март.

Пловечката платформа е наменета за обезбедување хуманитарна помош по морски пат до појасот Газа.

Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) на 10 март го објави испраќањето на првиот брод во источниот Медитеран за да обезбеди хуманитарна помош за Појасот Газа.

Претходно, американскиот претседател Џо Бајден изјави дека неговата земја ќе изгради привремено пристаниште на брегот на Појасот Газа за да достави поголема количина на хуманитарна помош.

Во изградба е уште еден дел од бетонскиот столб кој започнува од брегот на најјужната област на градот Газа, со цел да се надополни американското пристаниште што ќе се гради во текот на следните два месеци.

Според локални палестински извори, пристаништето се гради на брегот на Газа со употреба на материјали од урнатините на домовите уништени од Израел за време на војната која трае повеќе од половина година.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејствија и да преземе мерки за да се гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.

AA
Популарни