Економскиот ефект од војната на Русија во Украина ќе трае со години, рече влијателниот економист Марсел Фрачер од Германскиот институт за економски истражувања.
Фрачер, чиј институт ја советува владата на најголемото европско стопанство за макроекономската политика, рече дека влијанието би можело да трае до 2025 година, кога Германија очекува да се ослободи од секаква изложеност од рускиот плин.
Германија која со децении напредуваше од доверливи текови на ефтин руски плин, брза да се преориентира по војната во Украина во февруари.
„Војната во Украина нанесе огромна штета врз германската економија“, рече Фрачер во интервју, додавајќи дека можеби ќе остане само 1,5 отсто од 4,5 отсто од економскиот раст, колку што е очекувано кон почетокот на годината.
Влијанието врз инфлацијата, преку високите цени на енергијата, исто така би се задржало во сличен период, иако ги отфрли сугестиите дека постои причина за ограничување на платите.
„Синдикатите не се така силни како што беа во 1970-тите години“, рече Фрачер напоменувајќи дека овогодишниот прогнозиран раст на платите од 4,5 отсто е значително помал поради инфлацијата.