Вооружен напаѓач застрела 13 лица, меѓу кои седум деца, а рани 21 лице во училиште во рускиот град Ижевск во областа Удмуртија, соопшти денес Истражната комисија.
Меѓу загинатите има и наставници и членови на училишното обезбедување, соопшти комисијата што го истражува нападот.
Претходно, руското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во вооружениот напад загинале шест лица.
Стрелецот се самоубил, а неговото тело е пронајдено на местото на нападот, се наведува во соопштението на Министерството.
Наставниците и учениците се евакуирани по инцидентот.
Гувернерот на регионот, Александар Бречалов, пристигна во училиштето и рече дека на местото на нападот се наоѓаат и безбедносни и екипи на брзата помош.
Во училиштето учат околу 982 деца, со 80 наставници, а се наоѓа во близина на градската управа во центарот на Ижевск.