Втор ден од НАТО Самитот во Вилнус / Photo: AA

Лидерите на земјите членки на НАТО се состанаа на вториот ден од Самитот кој се одржува во Вилнус, главниот град на Литванија. Лидерите на земјите се собраа на состанокот на Северноатланскиот совет на ниво на шефови на држави и влади.

Покрај лидерите на 31 земја членка, на состанокот присуствува и Шведска како земја повикана во членството на НАТО. На состанокот се присутни и партнерите на НАТО, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд и Европската унија (ЕУ).

Говорејќи на отворањето на собирот, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека НАТО е регионален сојуз во Европа и Атлантикот, но дека предизвиците со кои се соочува се глобални.

Столтенберг наведе дека настаните во евроатланскиот и индопацифичкиот регион се важни едни за други, дека војната во Украина има глобални реперкусии, дека тероризмот и сајбер заканите не познаваат граници, а дека авторитарните режими се сѐ поблиски.

„Мораме заедно да се залагаме за глобален поредок заснован на правила. Затоа е важно партнерите да учествуваат на денешниот Самит на НАТО“, рече Столтенберг.

TRT Balkan / агенции
Популарни