За 5,1 отсто намален бројот на родени бебиња во Јапонија во 2023 година / Photo: AA

Бројот на новороденчиња во Јапонија во 2023 година падна на најниско ниво досега и изнесува 758.631.

Според Министерството за здравство, труд и социјална заштита на Јапонија, бројот на новороденчиња во 2023 година е за 5,1 отсто помал во однос на претходната година.

Бројот на новороденчиња падна на 758.631, и е најнизок досега.

Најголем број новородени деца е забележан во 1949 година, 2,69 милиони.

Во 1973 година регистрирани се 2,09 милиони новороденчиња, а во 1983 година 1,5 милиони.

Овој број падна под еден милион за прв пат во 2016 година.

Националниот институт за истражување на населението и социјалната сигурност претходно предвиде дека бројот на новороденчиња во 2035 година ќе падне под 760.000. Предвидувањето се оствари 12 години порано од очекуваното.

Бројот на склучени бракови во Јапонија во 2023 година падна под 500.000 за прв пат во последните 90 години.

Бројот на склучените бракови во 2023 година е намален за 5,9 отсто во однос на претходната година и достигна 489.281. Овој број го достигна најниското ниво по Втората светска војна.

Според статистиката што се води во земјата од 1899 година, бројка од 486.058 склучени бракови последен пат е регистрирана во 1933 година.

Најмногу бракови се склучени во 1972 година, и тоа над 1,99 милиони.

Бројот на разводи во земјата во 2023 година е зголемен за 4.695 на 187.798.

AA
Популарни