Здравствените работници протестираа во Атина, главниот град на Грција, барајќи подобри работни услови.     Фото: АА

Здравствените работници протестираа во Атина, главниот град на Грција, барајќи подобри работни услови.

Собраните здравствени работици бараа зголемување на издвоените средства за болниците и вработување на дополнителен медицински персонал.

На повик на Конфедерацијата на синдикатите на државни службеници (ADEDY), Сојузот на вработени во државните болници (POEDIN) и Здружението на болничките лекари (OEGNE), некои здравствени работници организираа штрајк и запреа со работа.

На протестот кој е одржан пред зградата на Министерството за здравство изнесени се барања како што се зголемување на платите на лекарите, издавање дополнителни средства за здравствените установи и дополнителни вработувања.

AA
Популарни