Наведоа дека просториите и претходно се изнајмувани на различни здруженија и поединци кои сакаа да ги користат во општествени цели. 

Здружение на навивачи на турски клуб од Германија реагираше на наводите дека во нивните простории е прикажан спорниот филм на Борис Малагурски „Република Српска: Борба за слобода“, наведувајќи дека не знаеле дека „споменатиот филм ќе биде прикажан“, туку дека им е кажано дека ќе биде одржан „состанок за општествен цели“.

Во пишан одговор на прашањето на Агенција Анадолија (АА), кој е објавен и на страниците на здружението на социјалните мрежи, за „прикажувањето на филмот на српскиот националистички режисер Борис Малагурски“ на 24 октомври 2022 година, од здружението наведуваат дека на 22 октомври 2022 година едно лице дојде во просториите на здружението и праша да го изнајми просторот на еден ден, 24 октомври.

Наведоа дека просториите и претходно се изнајмувани на различни здруженија и поединци кои сакаа да ги користат во општествени цели.

„Како што тоа е случај и порано, лицето е прашано во кои цели ќе биде користен просторот, на што е кажано дека овој спорен филм ќе биде прикажан“, наведено е во соопштението на здружението.

Додадоа и дека чувствуваат болка поради геноцидот извршен во Сребреница во 1995 година.

„И понатаму со целото тело чувствуваме болка порад геноцидот извршен во Сребреница во 1995 година. Во согласност со статутот, нашето здружение денес не служи за никакви верски, политички и индивидуални групи, туку од самото основање секогаш е на страна на угнетените, каде и да се наоѓаат во светот“, истакнато е во соопштението.

Наведено е дека Босна и Бошњаците имаат посебно место во срцата на сите кои го сакаат Фенербахче.

„Длабоко нѐ растажи тоа што ненамерно ги повредивме нашите браќа Бошњаци. Поради тоа се извинуваме на целиот бошњачки народ, бараме опрост и нагласуваме дека како и милиони навивачи на Фенербахче до крај ќе ги поддржуваме“, нацедено е во соопштението.

На крај, уште еднаш го осудија геноцидот во Сребреница и оддадоа почит на сите шехиди (маченици).

Соопштението на здружението следуваше како реакција на објавата на Малагурски на социјалната мрежа Твитер во која упати благодарност до турската заедница во Гелзеркирхен, каде е прикажан спорниот филм, наведувајќи дека „на тој начин и е дадена лекција на Германија кога е во прашање слободата на изразување и европските вредности“.

Многумина здруженија во БиХ реагираа на информацијата дека во просториите во Гелзенкирхен е прикажан спорниот филм.

Откако документарниот филм „Република Српска - Борба за слобода“, на режисерот и продуцентот Борис Малагурски, премиерно е прикажан во Бања Лука, беше планирано прикажување и во градовите ширум Европа. Меѓутоа, со спонтано, а подоцна и со координирано делување на поединци, здруженија и босанско-херцеговската дијаспора спречена е јавна проекција на овој пропаганден документарен филм во многумина градови во Европа.

Потсетуваме, само во Канада речиси 35.000 луѓе потпишаа петиција за запирање на премиерата во европските градови на контроверзен документарен филм на Борис Малагурски за босанските Срби, поради искривување на факти за геноцидот во Сребреница.

TRT Balkan / агенции
Популарни