Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека на Украина и треба доволно количество оружје, а не поддршка во преговорите со Русија.
„Ви благодарам на сите што ги поддржувате Украина и нашиот народ. Не се браниме од руски зборови, туку од руски напади. Затоа ни треба доволен број оружје, а не поддршка во преговорите. Гушкањето на Путин нема да помогне. Некои од вас го гушкаат 20 години, а ситуацијата само се влошува“, рече Зеленски во своето обраќање на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта.
Тој додаде дека рускиот лидер Владимир Путин „размислува само за војни и тоа нема да се промени“, како и дека тоа може да се „заузди само со притисок“.
Зеленски посочи дека концептот „мир преку сила“ повеќе пати ја докажал својата ефикасност и повторно укажа на негова употреба.
„Има многу предизвици пред нас. Од нашата последна средба во овој формат, дојде до значајна ескалација на руската војна. И Русија ја предизвика оваа ескалација. Северна Кореја сега во суштина води војна во Европа. Севернокорејските војници се се обидуваат да го убијат нашиот народ на европско тло“.
Тој потсети дека од јулскиот самит на Европската политичка заедница во Велика Британија „многу се зборува за потребата да се попушти пред Путин и да се направат некои отстапки.
„И некои од присутните силно се залагаа Украина да направи „отстапки“ на Путин. Ова е неприфатливо за Украина и самоубиство за цела Европа. И што е следно? Дали Европа треба да ја бара наклонетоста на севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун? во надеваж дека и тој ќе и даде мир на Европа. Ниту еден силен лидер, благодарение на кој е изградена обединета, мирна Европа, не можеше да замисли такво нешто “, предупреди претседателот на Украина.
Според него, „не треба да имаме илузија дека праведен мир може да се купи со покажување слабост или тргување со некои европски позиции или статус на некоја европска земја“.
„Тоа едноставно не функционира. Мирот е награда само за силните. Затоа, нема алтернатива за силна Европа. А единството е важно за силата“, нагласи Зеленски.
Тој истакна дека Русија ја започна војната не затоа што ѝ треба повеќе територија.
„Русија има повеќе земја од било кој друг. Таа сакаше глобална моќ, прво - контрола над Украина, а потоа - над сите вас, како што беше некогаш во времето на советско или царско владеење. Будимпешта се сеќава како изгледаат советските тенкови. Нема да ги заборави руските бомби и исто како Будимпешта, секој град во Украина и сите наши земји заслужуваат безбедност и мир“, нагласи шефот на украинската држава.
Според него, изграден е јасен дипломатски систем кој може да ја турне Русија кон праведен мир.
„Повеќето земји учеснички на Самитот се приклучија на оваа работа заради ефикасна дипломатија“, рече Зеленски и истакна дека секоја точка од Формулата за мир е веќе дискутирана на тематски конференции, вклучувајќи ја нуклеарната безбедност, безбедноста на храната, енергијата, враќањето на затворениците и депортираните во Украина и целосно почитување на меѓународното право.
„Мораме да ја принудиме Русија да го направи ова. И праведен мир ќе биде наша заедничка победа. Имате победнички план на маса. Затоа, Украина беше првата што понуди да ја промени нашата заедничка стратегија за да постигнеме - и штом што е можно - праведен мир“, рече Зеленски.
Тој нагласи дека војната се води на украинска територија.
„Украина е благодарна за сета поддршка од нашите партнери, ние сме отворени за сите конструктивни идеи за постигнување праведен мир за нашата земја. Но, Украина е таа која мора да одлучи што треба, а што не треба да биде на агендата за да се стави крај на оваа војна“, истакна Зеленски.
Тој исто така нагласи дека „сметката за оваа војна треба да се плати на Русите, а не на Украина“.
„За да Русија повеќе не би можела да ги изнесува своите лажни тврдења на сите наоколу - од балтичките земји до Балканот. Секоја земја, секој лидер што го почитува меѓународното право и седи на оваа маса мора да разбере дека предаторите секогаш бараат сѐ повеќе и повеќе плен ", предупреди тој.
Тој додаде дека „за време на оваа војна видовме неуспех на одредени европски пристапи“.
„На пример, колку една земја е поблиску до Русија, толку концептот на неутралност станува послаб. Брзиот пристап на Финска и Шведска во НАТО покажа дека европските и лидерите на Алијансата всушност предвидуваат загарантирана безбедност - не со зборови, туку преку НАТО. Украина го забележа ова“, заклучи Зеленски.
На Самитот на Европската политичка заедница што денеска се одржува во Будимпешта, учествуваат 47 шефови на држави и влади од земјите на ЕУ, кандидати за членство и други земји кои граничат со ЕУ.
ЕПЗ е основана во 2022 година по руската инвазија на Украина истата година како форум за дијалог и соработка меѓу ЕУ и другите европски земји во решавањето на прашања од заеднички интерес.