Во нападите загинале најмалку пет лица, а повредени се 130 лица. Фото: АА / Photo: AA

Украинскиот претседател Владимир Зеленски тврди дека Русија користела речиси 300 проектили и над 200 беспилотни летала во нападите од 29 декември, при што загинале најмалку 30 луѓе во главниот град Киев, јавува Анадолу.

„До денес, лансирани се речиси сто проектили од различен тип... И само во последните неколку дена – од 29 декември досега – Русија веќе употреби речиси 300 проектили и над 200 беспилотни летала 'Шахед' против Украина“, рече Зеленски во вечерното обраќање доцна синоќа, додавајќи дека разговарал и со британскиот премиер Риши Сунак.

Истакнувајќи дека Русија планирала нивните траектории да предизвикаат што е можно поголема штета, Зеленски рече дека ниту една друга земја не одбила такви напади комбинирани со беспилотни летала и проектили и дека противвоздушната одбрана на земјата само вчера соборила 10 проектили „Кинжал“.

Зеленски им се заблагодари на украинските сили за нивните напори во заштитата на небото на земјата, изразувајќи благодарност до Обединетото Кралство за подготвеноста да придонесе за воздушната одбрана на неговата земја.

„Покрај одбранбената соработка и нашите заеднички акции против тероризмот, разговаравме и за безбедносните определби за Украина и спроведувањето на Формулата за мир“, рече Зеленски за разговорите со Сунак.

Во врска со руските ракетни напади врз Киев, околниот регион на Киев и градот Харков во источна Украина, Зеленски рече дека операциите за спасување сѐ уште се во тек по нападите утрото и попладнето.

„Сите повредени, вкупно 130 лица, ја добиваат и ќе продолжат да ја добиваат потребната помош во Харков и регионот, Киев и регионот, Запорожје и сите погодени градови и области. Засега се пријавени пет лица загинати како резултат на овој масовен напад. Моето сочувство до сите што ги загубија своите најблиски“, рече тој.

AA
Популарни