Големи суши во Италија     Фото: АА

Северна Италија се бори со најголемата суша во последните 70 години. Владата неодамна прогласи вонредна состојба во пет региони поради недостаток од врнежи и поради високите температури.

Од почетокот на годината во северозападниот регион Пијемонт наврнаа само 94 милиметри дожд. Просекот во изминатите години е 376 милиметри. Само регионот Ломбардија оваа година има 61 отсто помалку вода од просекот во периодот 2006-2010 година.

Нивото на водата во езерата значително е намалено, вклучувајќи го и езерото Маџиоре со 34 проценти помалку вода и Гарда со 48 отсто.

Нивото на реката По долга 652 километри, е смалено за 80 отсто во однос на просекот за оваа година. Се појавуваат нови плажи како и археолошки остатоци од пред илјада години.

Италијанската Влада на петти јули прогласи вонредна состојба поради недостатокот на вода во пет региони во Северна Италија, Пијемонт, Ломбардија, Емилија Романа, Фурланија и Венето и издвои 36,5 милиони евра од фондот за итни ситуации.

Во некои планински предели поради недостатокот на врнежи и нискиот водостој дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија. Слична е ситуацијата и во некои општини на северот на земјата. Снабдувањето со вода беше прекинато во текот на вечерта. Во други општини користењето на водата беше дозволено само за лична хигиена и за готвење, но беше забрането полевање и миење на автомобили.

Но земјоделието се соочува со најголеми последици. Загубите на фармерите до сега изнесуваат околу три милијарди евра, според проценката на најголемата организација на фармери на национално и европско ниво. Ставот на организацијата е дека она што се случува влијае не само на посевите туку и на околината. Високите температури ги загрозија земјоделските приноси пред се на пченка и пченица и се закануваат дека ќе влијаат на производството во иднина.

Последиците од сушата и високите температури ги почувствува и Џиџи Такини 50 годишен фармер чии полиња се наоѓаат во Санта Кристина е Бисоне, на околу 45 километри југоисточно од Милано.

“Пченката оваа година на наводнував само еднаш, обично тоа го правам три-четири пати. Последиците се оигледни. Наместо да имаме билки високи три или четири метри, ги добивме оние од метар метар и половина. Земјата е толку сува што се појавија пукнатини”, изјави Такини.

Истото важи и за сојата и оризот кои ги одгледува овој фармер.

“Оваа нива со ориз, морам да ја напуштам поради недостаток на вода. Прво морав да ја намалам сеидбата, а сега и наводнувањето. Наместо тоа да се прави секои осум дена, се прави на секои 20. Моето производство на ориз за оваа година ќе биде намалено за 30 или 40 проценти. Сакам помош од државата, вели Такини.

Властите во Ломбардија неодамна побараа од владата на соседната Швајцарија да ги отвори алпските сливови во пограничниот кантон Тичино за да се овозможи наводнување на полињата во долината По. Но Швајцарија го одби ова бидејќи се соочува со исти проблеми.

Малку е веројатно дека ситуацијата наскоро ќе се промени бидејќи во претстојните недели се очекуваат високи температури, а нема изгледи за врнежи.

AA
Популарни