Во светот денеска се слави 8 март, Меѓународниот ден на жената. Додека жените ширум светот го слават својот ден, Палестинките во Појасот Газа се борат за опстанок.
Блокадата и нападите извршени од Израел од 7 октомври минатата година на Појасот Газа ги принудија сите Палестинци, особено жените, да се борат со тешки услови за да преживеат.
Додека светот го слави 8 март, Меѓународниот ден на жената, палестинските жени се обидуваат да го продолжат својот живот со болката поради губењето на најблиските.
Палестинката СафаСалах (24) роди девојче по тешко породување, ноќта кога израелската војска на 12 февруари изврши воздушен и копнен напад врз градот Рафах, во кој загинаа десетици Палестинци.
Салах, која се засолни во градот Рафак од бегалскиот камп Џабалија, се бори да ја одгледа својата ќерка, на која ѝ го даде името Ватин.
Меѓународниот ден на жената за прв пат беше прославен на 28 февруари 1909 година во Соединетите Американски Држави врз основа на Декларацијата усвоена од Социјалистичката партија на таа земја.
Од 1975 година, Обединетите нации официјално го слават 8 март како Меѓународен ден на жената.
Меѓународниот ден на жената е исто така можност да се истакне насилството врз жените, родовата нееднаквост и да се побараат поголеми права за жените во земјите каде што тоа не е случај. На овој ден често се организираат протестни прошетки преку кои жените, но и борците за човекови права воопшто, ја продолжуваат својата борба за еманципација.