Роденденот на Пикасо е одбран за оддавање почит кон сите уметници     Фото:

Над 60 милијарди евра се вртат годишно на пазарот на уметнички дела на глобално ниво, а се поголем удел зазема и продажбата на електронски дела преку новата НФТ технологија. Само продажбата на уметнички дела, односно трансакциите во оваа гранка достигнуваат над 30 милиони евра годишно.

Уметноста е значаен дел од културата, преку која се одбележуваат општествените настани и колективните цели и насоки, но и поединечните емоции, идеали и стремежи.

Сепак, голем дел од уметниците се соочени со ниски приходи, а повеќето од нив работат „редовни“ работи. На уметниците им е потребно препознавање на вложениот труд и придонесот во општеството.

Затоа, во чест на самите уметници, одбран е 25 октомври, инаку роденденот на Пабло Пикасо, на кој ќе се одбележува светскиот ден на уметникот.

На меѓународниот ден на уметникот се слават сите уметници, не само сликарите без оглед што денот е тесно поврзан со легендарниот сликар Пабло Пикасо.

Иницијативата ја повел уметникот Крис МакКлур од Канада во 2004 година. Тој е познат како сликар со правецот романтичен реализам

Благодарение на оваа иницијатива низ светот се организираат бројни настани во чест на уметниците, како специјални изложби и фестивали на уметноста.

Покрај тоа што им се оддава признание на луѓето кои ја создаваат уметноста, истовремено делата им се доближуваат до голем број на луѓе, па така „вратите ги отвораат“ бројни галерии, музеи, уметнички колективи и останати установи од културата.

TRT Balkan / агенции
Популарни