Најпознати украдени слики што никогаш не се пронајдени   Фото: Wikipedia

Познатите уметнички дела покрај тоа што се вредни од уметничка гледна точка тие имаат и голема финансиска вредност. Токму затоа, за нивно чување, се купуваат некои од најскапите безбедносни системи во светот. Музеите и одредени колекционери издвојуваат многу средства за да бидат на безбедно уметничките дела стари неколку векови кои вредат „цело богатство”.

И покрај тоа, историјата бележи дека се случувало и некои од највредните дела да бидат украдени. Многу од нив се продадени, а по некои сè уште се трага.

Ова се шесте најпознати украдени слики кои никогаш не се пронајдени.

1 . „Бурата на Галилејското Море”, Рембрант

Едно од највредните украдени уметнички дела, сликата од 1633 година го прикажува библискиот призор во кој Исус ја смирува морската бура во која се најде заедно со учениците. Сликата е украдена од музејот Исабела Стујард Гарднер во Бостон, во еден од најголемите грабежи на уметнички дела во историјата. Сликата ја украдоа двајца мажи, заедно со уште 12 лица во 1990 година, преправајќи се дека се полицајци. Истата ноќ украдена е и сликата „Концерт” на Јоханес Вермер.

„Бурата на Галилејското Море”, Рембрант   Фото: Wikipedia

2. „Кловнова глава”, Пабло Пикасо

Случајот во кој исчезна оваа слика е наречен и „грабеж на векот”. Станува збор за грабеж во музејот „Кунстхал” во Ротердам, во октомври 2012 година. Крадците однеле седум ремек-дела, меѓу кои се делата на некои од најголемите уметници во историјата. Покрај Пикасовата „Кловнова глава”, исчезнаа и слики на Гоген и Моне. Тие го пробија излезот за итни случаи и за само три минути, сликите ги отстраниле од рамките. Крадците се пронајдени и уапсени но сликите се уште не се пронајдени. За сликата на Пикасо се стравува дека мајка од еден грабнувач ја уништила по апсењето на синот.

„Кловнова глава”, Пабло Пикасо    Фото: pablo-ruiz-picasso.net

3. „Гулаб со зелен грашок”, Пабло Пикасо

Пабло Пикасо го држи рекордот како уметник чии уметнички дела најчесто биле предмет на кражба. Повеќе од 1.000 негови дела биле пријавени како исчезнати. Оваа слика, позната и како „Гулаб со зелен грашок”, украдена е во мај 2010 година заедно со четири други слики од Музејот на модерната уметност во Париз, Франција.

Овој грабеж го изврши само едно лице, а единствени пронајдени докази на местото на злосторот беа: скршен прозорец, скршен катанец и празна рамка од кои сликите внимателно се отстранети. Крадецот кој подоцна е уапсен изјавил дека сликата на Пикасо ја фрлил во канта за ѓубре, но ова не е потврдено.

„Гулаб со зелен грашок”, Пабло Пикасо      Фото: Wikipedia

4. Праведни судии, Јан Ван Ајк

Едно од најдрагоцените уметнички дела на светот, олтарот со 12 плочи во катедралата Сент Баво во белгискиот град Гент, датира од 1432 година. Доживеа различни обиди за кражба, но најмистериозната се случи во 1934 година, кога е украдена долната лева плоча која се нарекува „Праведни судии”. На местото на плочата, тогаш е поставена белешка на која, на француски јазик пишувало „Преземено од Германија според Версајскиот договор”.

Кога белгискиот политичар Арсен Гедертиер бил пред крајот на животот во 1934 година, на својот адвокат му признал дека знае каде се наоѓа украденото уметничко дело, но дека тајната ќе ја однесе во гроб. Тогаш стана главен осомничен за кражбата, а мистеријата на исчезнатата слика до денес не е решена.

Праведни судии, Јан Ван Ајк   Фото: Wikipedia

5. „Портрет на млад човек”, Рафаел

Оваа слика на ренесансниот италијански мајстор Рафаел од 16 век, украдена е за време на Втората светска војна. Сликата била во сопственост на полското благородно семејство Чарториски, а потоа стана една од бројни слики кои нацистите ја отуѓиле за време на владеењето на Хитлер. Оваа слика ја заплени еден од високите функционери на Хитлер, Ханс Франк. Сликата последен пат беше видена во резиденцијата на Франк во 1945 година и од тогаш и се губи секаква трага. На интернет во 2012 година се појавија тврдења за локацијата на украденаа слика, но е утврдено дека не се вистинити.

„Портрет на млад човек”, Рафаел   Фото: Wikipedia

6. „Портрет на Френсис Бејкон”, Лицијан Фројд

Необична приказна се врзува и за исчезнувањето на портретот на филозофот Френсис Бајкон, кој го наслика неговиот пријател и уметник, Лукиан Фројд, кој бил внук на Сигмунд Фројд. Оваа слика исчезна во 1988 година од галеријата во Берлин која во моментот на кражбата била полна со луѓе. Уметникот заклучил дека сликата можел да ја украде обожавател на Френсис Бекон. Долго апелирал за враќање на украдената слика, дури и лепел плакати низ Берлин, но сликата не е вратена до денес.

„Портрет на Френсис Бекон”, Лукијан Фројд   Фото: wikiart.com
TRT World
Популарни