Сликите на Ван Гог претставени преку дигиталната технологија     Фото: АА

Футуристичката изложба посветена на делата на Винсент ван Гог, еден од најпознатите сликари на 19 век, отворена е во бразилскиот град Рио де Жанеиро.

По премиерата во италијанскиот град Фиренца, визуелната изложба е претставена во Каса Франка-Бразил, кварт во Рио де Жанеиро.

Фото: AA

Промоција на делата и на други уметници

Мултимедијалната изложба „Ван Гог и неговите современици - виртуелна изложба“ ги прикажува човечките и уметничките аспекти на уметникот, а промовира и дела на други сликарски великани поврзани со неговите дела, како што се Сезан, Гоген, Тулуз-Лотрек, Сутин и Модиљани.

Посетителите на изложбата имаат можност да ги погледнат проекциите на делата на холандскиот сликар и другите светски познати сликари.

Фото: AA

Изложбата е придружена со посебно подготвена музика.

AA
Популарни