Актерите Булент Инал и Каан Јилдирим на премиера на серијата „Руми“ на СФФ

Во рамките на 29. Сараево филм фестивал (SFF), в сабота, на 12 август, ќе се одржи светската премиера на серијата „Руми“, на меѓународната дигитална платформа на ТРТ „Табии ориџинал“, а во оваа прилика во Сараево ќе престојуваат актерите и ѕвездите од оваа серија, Булент Инал и Каан Јилдирим.

Светската премиера на првата епизода од серијата за познатиот филозоф, поет и мистик Мевлана Џелалудин Руми ќе се одржи во Народниот театар во присуство на актерското дуо.

Булент Инал го игра ликот на Мевлана во серијата, а Каан Јилдирим ја игра улогата на ученикот на Мевлана и селџучки командант.

Станува збор за серијал кој е своевидно продолжение на успешните серии на ТРТ за познати историски личности и периоди, меѓу кои се светски популарните серии „Ертугрул“, „Барбароса“ и „Будење на големите Селџуци“.

Познати актерски имиња

Инал ја стекна светската слава со улогата во серијата на ТРТ „Абдулхамид“, а Јилдирим со улогата во серијата „Халка“.

Познати актери како што се Аху Турпенче, Деврим Озкан, Мехмет Али Нуроглу, Мерт Турак и Нилај Дениз, исто така, глумат во серијата за животот на Мевлана Џелалудин Руми, кој е познат како олицетворение на мирот и толеранцијата и чии пораки од пред неколку векови преживеале до ден-денес.

Продукцијата на серијата ја потпишуваат Керим Ајилдиз и Ахмет Окур, режисер е Џан Илказ, а сценариото го напишаа Али Ајдин и Фатма Бера Мете.

Серијата сликовито раскажува за борбата за власт што се одвивала во Анадолија во 13 век, а подготовките за снимањето на серијата траеле две години и во неа учествувале голем број стручни консултанти на многу теми, од мистицизам до калиграфија, како и 22.000 споредни актери. Серијата, која се снимаше на филмското плато на „TRT International“ во Коња, најголемото плато од ваков вид во Туркије, на гледачите им ги пренесува архитектонските карактеристики и општествениот живот од тој период.

Приказната на серијата се одвива во Анадолија во 13 век, кога луѓето се плашеле од монголската закана додека лошите спомени од крстоносните војни сѐ уште биле свежи. Оние кои сакаат да го преземат тронот поттикнуваат и внатрешни немири и војна, а Мевлана доаѓа до израз како духовна личност која може да ги смири стравовите. Овој мудар човек со безвременски пораки, неговиот став, знаење, разговори и работа ќе го повика општеството на здрав разум и добро срце. Серијата, која започнува со опсадата на Ерзурум од страна на Монголите во 1242 година, сведочи за процесот на трансформација на Селџучката Држава заедно со внатрешните патувања на Мевлана во турбулентниот период на Селџучката Држава.

Платформата Табии

Меѓународната дигитална платформа на ТРТ „Табии“ се претстави со серија продукции под мотото „Приказни што нè обединуваат“ во широк спектар на жанрови, од историски драми до акција, промовира заеднички вредности и како таква за краток период наиде на голем интерес. Платформата започна да се емитува во мај оваа година и успеа да надмине два милиони членови за само два месеца во Туркије.

Меѓународниот бренд, кој тргна со цел да стане нов плејмејкер во растечкото поле на турското дигитално издаваштво, дава можност за отворање на прозорец кон различноста на светот во кој живееме и кон истражувањето на различни култури и животи, со својата висококвалитетна, оригинална содржина што може да се гледа заедно со семејството.

Нудејќи висококвалитетна содржина со брз пристап и различни јазични опции, Табии вклучува оригинални серии од различни жанрови, филмови, документарни филмови, лиценцирани продукции, популарни содржини на ТРТ и друго.

За меѓународните корисници, Табии е достапна за прифатлива претплата преку платформи од трети страни како што се Јутјуб (youtube.com/@tabii) и Року (Roku). Меѓународните апликации се планира да бидат достапни подоцна оваа година.

TRT Balkan / агенции
Популарни