Фестивалската атмосфера веќе е присутна во градот на Миљацка      Фото: АА

На овогодишниот 28-ми по ред Сараевски филмски фестивал (SFF) кој ќе се одржи од 12 до 19 август, ќе бидат прикажани 230 филмови од 62 земји, а за главните награди ќе се натпреварува 51 филм од земјите од регионот.

Фестивалската атмосфера веќе е присутна во градот на Миљацка. На фестивалскиот плоштад пред Народниот театар во Сараево во текот се последните подготовки за 28. Издание на Сараевскиот филмски фестивал. Фестивалскиот плоштад и оваа година го краси босанскиот ќилим.

На најголемата локација на СФФ, во Летното кино, подигнато е најголемото филмско платно во регионот.

Програмата на фестивалот кој привлекува најмногу публика, Open Air, оваа година ќе има дополнителен број отворени кина кои се распоредени ширум градот Сараево.

Во програмата Open Air се осум филмови, а програмата почнува филмот кој ќе го отвори 28. издание на СФФ на 12 август „Триаголник на тагата“ на шведскиот режисер Рубен Остлунд, добитник на Златната палма на фестивалот во Кан.

Во рамките на програмата Open Air, освен филмот „Триаголник на тагата“, ќе бидат прикажани и филмовите „Ас во ракавот“ на Пол Џозеф Шредер, „Лов“ од Томас Винтербер со Мадс Микелсен во главата улога, „Со среќа Лео Гранде“ од Софи Хајд, „Откако ќе го спасиш светот“ на Џеси Ајзенберг, „Тори и Локита“ од Жан-Пјер и Лука Дарден, „Заоѓање на сонцето“ од Мајкл Франк. Фестивалот на 19 август го затвора светската премиера на филмот „Празник на трудот“ од Пјер Жалица, кој исто така ќе биде прикажан во текот на Open Air програмата.

Славни филмски професионалци гости на фестивалот

Гости на СФФ ќе бидат петмина прославени филмски професионалци, како актерите Мадс Микелсен и Џеси Ајзенберг, режисерите Рубен Остлуд и Пол Шардер, а ќе дојде и украинскиот режисер Сергеј Лозница. На нив во текот на фестивалот ќе им биде доделено Почесното Срце на Сараево.

Филм на македонска режисерка во трката за „Срцето на Сараево“

Во програмата на документарен филм ќе се натпреваруваат 22 филма по избор на селекторката Рада Шешиќ.

Во оваа програма, за наградите „Срцето на Сараево” ќе се натпреварува и филмот „Повлекување“ (Retreat), во режија на македонската режисерка Анабела Ангеловска. Филмот го прикажува животот на дел од илјадниците македонски работници, мажи и жени, кои по повлекувањето на американските војници од Авганистан минатото лето, се вратија дома.


Во рамките на овогодишното издание на СФФ во конкуренција за наградата „Срцето на Сараево“ во неколку категории се и 17 телевизиски серии од земјите во регионот.
Дел од програмата и оваа година ќе биде одржан во Летното кино Стар град во Сараево, а дел од фестивалската програма трета година по ред ќе се одржи и во Мостар.

TRT Balkan / агенции
Популарни