„Сѐ, секаде, одеднаш“ освои Оскар за најдобар филм и режија

Филмот за семејство на кинески мигранти во Соединетите Американски Држави (САД) и драмата опкружена со фантазија, ја однесе главната награда на вечерта, освојувајќи го Оскарот за најдобар филм.

Наградата за најдобар актер ја освои Брендан Фрејзер за улогата во филмот „Кит“.

За најдобра актерка е прогласена Мишел Јуо за улогата во филмот „Сè секаде одеднаш“.

Наградата за најдобра режија и најдобра монтажа ја доби филмот „Сè секаде одеднаш“, на Пол Роџерс.

За најдобар странски филм е прогласен „На Запад ништо ново“. Филмот доби и Оскар за најдобра филмска фотографија.

За најдобри споредни актери беа прогласени Ке Хуј Куан во категоријата мажи и Џејми Ли Кертис во категоријата жени. И двајцата беа наградени за улогите во филмот „Сè секаде одеднаш“.

За најдобар документарен филм е прогласен „Навални“, филмот на Даниел Рохер за рускиот дисидент Алексеј Навални.

„Црниот Пантер: Ваканда засекогаш“ е награден за најдобра костимографија, а филмот „Кит“ за најдобра шминка и фризура.

За најдобра оригинална песна е прогласена „Нату Нату“ од филмот „РРР“, а наградата за најдобар звук во филм ја освои филмот „Топ ган: Маверик“.

TRT Balkan / агенции
Популарни