Познатиот американски рапер од 1990-тите, Кулио, е пронајден мртов во бањата на неговиот пријател во Лос Анџелес, соопшти неговиот долгогодишен менаџер Џарез за ТМЗ. Кулио имаше 59 години.
Полициски извори за ТМЗ изјавија дека на местото не е пронајдена дрога или реквизити за дрога. За да се утврди официјалната причина за смртта, ќе се направи обдукција и токсиколошки тест, но медицинските лица се сомневаат на можен срцев удар.
Кулио, чие вистинско име е Артис Леон Ајви Џуниор, се појави на рап-сцената во Лос Анџелес во доцните 1980-ти, а на насловните страници во 1995 година кога ја објави песната „Gangsta's Paradise“ за саундтракот на филмот за Мишел Фајфер, „Dangerous Minds“ (Опасни умови).
AA