Тринаесеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 18 до 25 август во Скопје.     Фото: АА

Тринаесеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 18 до 25 август во Скопје.

На прес-конференција одржана на платото пред Младинскиот културен центар, Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот, се осврна на комплетната програма на фестивалот.

Набаков истакна дека Фестивалот „МакеДокс“ ќе се одржи на четири локации во Скопје, и тоа во „Куршумли ан“, пред платото на Музејот на Македонија, Младинскиот културен центар и Јуроп хаус (Europe House).

„Оваа година фестивалот го носи мотото лупење идеи, а фокусот на лупење идеи, фокусот на фестивалот е ставен на развојот на идеите“, нагласи Набаков.

Нова перспектива

Истакнувајќи дека годинава планираат на фестивалот да имаат 70 странски гости од цела Европа, Набаков рече дека на фестивалот имаат нова перспектива којашто овозможува да се излупат старите слоеви за да се твори и да се создаде простор за новите идеи.

Петрула Вељановска, селекторката на Фестивалот „МакеДокс“, рече дека на адресата на фестивалот се пристигнати филмови од сите континенти на светот, и дека фестивалот ќе се отвори в четврток, 18 август, со документарниот филм „Сѐ што дише“ (All that Breathes) на режисерот Шаунак Сен, филм којшто е во индиско-британска копродукција.

Тринаесеттото издание на „МакеДокс“ е поддржано од Агенцијата за филм, Креативна Европа – МЕДИА, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Институтот „Јунус Емре“ – Скопје, Амбасадата на Чешка во Скопје, Чешки центар – Софија, Сивус – Групација Арикома и Грчки филмски центар.

AA
Популарни