Шефот на Дирекцијата за комункации при Претседателството на Република Туркије Фахретин Алтун изјави дека глобалната побарувачка за турските телевизиски серии пораснала за 183 отсто во последните три години.
„Денес речиси милијарда луѓе ширум светот гледаат турски серии, а тоа е многу важен фактор. Навистина, кога тоа го гледаме од оваа перспектива, се соочуваме со вистински успех“, рече Алтун на официјалната промоција на новата серија на ТРТ „Мехмед: Султан на освојувачките походи“.
Тој во обраќањето на свеченоста во Конгресниот центар Халич во Истанбул рече дека таа серија е голем проект и значајна инвестиција.
Алтун рече оти се надева дека новата серија значително ќе придонесе за турската индустрија на популарната култура, културното наследство и издавачкиот живот.
Нагласи дека серијата се фокусира на достигнувањата на султанот Мехмед Фатих, особено на освојувањето на Истанбул и дека го прикажува како владар кој ја транформираше и институционализираше Османлиската империја. „Неодамнешниот раст и вложувањата во турските серии и кинематографијата придонесоа за турскиот бренд“, рече тој. На свеченоста говореше и генералниот директор на ТРТ Захид Собачи.
Настапи Мехтер бенд, а Алтун и гостите ја погледнаа првата епизода од серијата.