Божиќни традиции и обичаи карактеристични за земјите од Балканот и светот / Photo: AA

Божиќ е денот кога според христијанското верување се слави раѓањето на исус. За нив Божиќ претставува раѓање на нов живот, нова надеж и радост.

Но, иако станува збор за ист празник, православните христијани и католоците го празнуваат според два различни календари. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар го празнуваат на 25 декември, додека црквите кои го користат јулијанскиот календар го празнуваат на 7 јануари.

Како се прославува Божиќ на Балканот?

Во Северна Македонија, Божиќ се празнува на 7 јануари. Празнувањето почнува уште рано наутро со ѕвонење на црковните ѕвона а луѓето свечено облечени присуствуваат на утринска божиќна литургија во црквите.

Обичај е на Божиќ луѓето да се поздравуваат со „Христос се роди“ , а отпоздравуваат со „Навистина се роди“.

Во домовите, традиција е да се красат божиќни декорации, да се кити елка чие значење се поврзува со симбол на вечен живот и вечна надеж. Се прават венци од гранки од зимзелени дрва, а венецот во форма на круг претставува вечност и бескрајна љубов.

На сличен начин Божиќ се празнува и во Србија. Утрото на 7 јануари, зората се дочекува со ѕвонење на црковните ѕвона и целото семјество оди на Утринска Литургија во црква. Во Србија, првиот човек што ќе влезе во куќа на Божиќ се смета дека носи среќа во куќата и целото семејството.

Во Хрватска, Божиќ се празнува според грегоријанскиот календар. Па така секој 25 декември наутро во Хрватска започнува празнувањето на Божиќ. Целото семјество се собира на едно место, се разменуваат подароци и се посакуваат желби за здравје и среќа.

Во Грција и Бугарија, Божиќ се празнува на 25 декември. Традициите и обичаите се многу слични како кај останатите земји на Балканот. Најчесто на трпезата се става непарен број на столчиња, а на Бадниковата вечер се послужува посна храна.

Како се прославува Божиќ во светот?

Божиќната трпеза во Франција е наречена Le Reveillon. Обичајот подразбира луѓето да останат будни до полноќ, кога се служи вечерата.

Во текот на божиќните празници во Шпанија традиционално се јаде касно навечер. Така, на ноќта пред Божиќ, вечерата почнува некаде помеѓу 22 и 12 часот на полноќ.

Оброкот обично започнува од разновидни мали садови „тапас” во кои има различни видови сирења, тиквички, шунка, маслинки.

Во Аргентина празникот се прославува вечерта пред Божиќ, а главен оброк на нивната трпеза е говедско или мисиркино месо. Во некои подрачја се јаде и печен паун.

Во Украина 49% од населението се православни христијани и, Божиќ се празнува на 7 јануари. На овој ден, луѓето преку ден се облекуваат во традиционални носии и се шетаат низ центарот на градот и пеат традиционални божиќни песни.

Божиќ во Автралија се празнува на плажите на 25 декември, бидејќи кај нив прославувањето на празниците е по Грегоријанскиот календар. Семејствата се собираат и наместо мисирка се подготвуваат рибни специјалитети.

Во Јапонија пак, иако само 1% од населението се Христијани, сепак Јапонците го сакаат овој празник. Но, за разлика од многу други западноевропски земји каде што мисирката е главно јадење за Божиќ, Јапонците најчесто за овој празник посетуваат. ресторани за брза храна.

TRT Balkan
Популарни