По повод 97 години од раѓањето на првиот претседател на независна Босна и Херцеговина, се органзираат Денови на отворени врати во Музејот „Алија Изетбеговиќ“ во Сараево     Фото: АА

Спортски реквизити, дресови, медали и подароци кои се поврзани со Алија Изетбеговиќ, првиот претседател на Претседателството на Република Босна и Херцеговина, може да се видат на манифестацијата Денови на отворени врати од 8 до 10 август во Музејот „Алија Изетбеговиќ“ во Сараево. Оваа манифестација е дел од одбележувањето на 97 години од раѓањето на Изетбеговиќ.

По тој повод, во просторот на музејот посетителите ќе имаат можност да ги погледнат експонатите кои не се дел од постојаната изложбена поставка. Овогодишната манифестација Денови на отворени врати е во знак на спортот.

Денови на отворени врати во Музејот „Алија Изетбеговиќ“ во Сараево     Фото:  AA

Станува збор на експонати кои го покажуваат односот на Алија Изетбеговиќ кон спортот, неговото максимално уважување на спортистите и спортските резултати со кои Босна и Херцеговина докажува дека е рамноправен партнер и на светските спортски терени.

Претставена е колекцијата на спортските признанија и податоците од различни спортски организации, но и поединци заслужни за светски успех во спортските натпреварувања.

Денови на отворените врати во Музејот „Алија Изетбеговиќ“ траат од 8 до 10 август оваа година.

Денови на отворени врати во Музејот „Алија Изетбеговиќ“ во Сараево     Фото:  AA

Првиот демократски избран претседател на БиХ

На денешен ден се одбележуваат 97 години од раѓањето на Алија Изетбеговиќ, првиот демократски избран претседател на Претседателството на Република Босна и Херцеговина.

Алија Изетбеговиќ беше првиот претседател на Претседателството на меѓународно признатата Република Босна и Херцеговина и врховен командант на Армијата на Република Босна и Херцеговина во текот на агресијата врз БиХ во период од 1992-1995 година.

Роден на 8 август 1925 година во Босански Шамац, а почина на 19 октомври 2003 година во Сараево. Погребан е на Шехидските гробишта Ковачи во Сараево.

Алија Изетбеговиќ е втемелител на Странката на демократска акција (СДА) и на првото основачко собрание на СДА, на 25 мај 1990 година, стана првиот претседател на партијата. По победата на СДА на првите повеќепартиски парламентарни избори, во 1990 година, избран е за првиот претседател на Претседателството на Република Босна и Херцеговина.

Во услови на распаѓање на СФР Југославија, прогласувањето на независноста на нејзините републики, собирање на оружје и луѓе на некогашната ЈНА во Босна и Херцеговина, Изетбеговиќ беше еден од поборниците на референдумот за независноста на БиХ. На референдумот одржан на 29. февруари и 1.март 1992 година, граѓаните се изјаснија за независна Босна и Херцеговина, после што во Собранието на БиХ е усвоена Декларацијата за независноста и следуваше меѓународно признавање на Босна и Херцеговина.

Алија Изетбеговиќ - Првиот претседател на независна Босна и Херцеговина     Фото:  AA

Во турбулентно време на почетокот на 1990-тите години, Изетбеговиќ учествуваше во сите активности и разговори со цел зачувување на мирот во БиХ. Во најтешките времиња на агресијата врз БиХ од страна на поранешна ЈНА и паравоените српски единици, опсадата на главниот град Сараево, Изетбеговиќ остана во земјата, заедно со својот народ, а многу често и самиот се наоѓаше во животна опасност.

Беше учесник на мировните преговори во американскиот Дејтон во 1995 година, кои резултираа со потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, со кој е запрена војната во БиХ.

„Ова не е праведен мир. Но е поправеден од продолжување на војната. Во ситуација каква што е, во светот каков што е, подобар мир не можеше да се постигне“, изјави Алија Изетбеговиќ, по потпишувањето на Дејтонскиот договор.

По првите повеќепартиски избори после војната, во 1996 година, избран е за член, а потоа и за претседавач на Претседателството на БиХ.

Шест години по извршување на функцијата член на Претседателството на БиХ, од здравствени причини, во 2000 година, поднесе оставка на местото член на Претседателството на БиХ.

Алија Изетбеговиќ е автор на поголем број публицистички трудови и студии, како и на книги кои се преведени на повеќе светски јазици, а исламот и состојбата на исламските народи беа во фокусот на неговото внимание.

Меѓу неговите најпознати дела се „Исламска декларација“, „Исламот помеѓу Истокот и Западот“, „Моето бегство во слобода“... Добитник е на бројни домашни и меѓународни награди за промоција на демократијата, мирот и исламот.

AA
Популарни