Во Музејот на злосторства против човештвата и геноцидот во Сараево отворена е изложбата „Крик на нацртаното страдање“ од авторот Шукрија Мехољиќ.
Мериса Топаловиќ, директорка на Приватната установа Босански музеј на сеќавање, рече дека се изложени 125 илустрации кои говорат за геноцидот во Босна и Херцеговина со фокус на Сребреница.
Таа истакна дека многумина во Босна и Херцеговина на геноцидот во Сребреница се сеќаваат само во јули, додека тие во музејот сеќавањето настојуваат да го чуваат во текот во текот на целата година и дека тоа е една од причините поради кои изложбата е одржана токму во ова време.
„Целта на музејот е да не се заборави геноцидот. Ние во музејот се сеќаваме на геноцидот 365 дена во годината“, рече Топаловиќ.
Авторот на изложбата Мехољиќ роден е во Сребреница, а со своите илустрации/карикатури сака да придонесе кон зачувувањето на културата на сеќавање и ширење на вистината за геноцидот во БиХ. Досега тој направил неколку стотици илустрации, а изложбите се отворени ширум Европа, во многу европски земји.
„Драго ми е што денес е отворена мојата изложба токму во музејот кој ја негува вистината за геноцидната агресија врз Босна и Херцеговина со фокус на сребреничкиот геноцид, правно-судски докажан“, рече Мехољиќ.
Со уметноста почнал да се бави како бегалец во 1993 година, кога ја нацртал првата карикатура со желба да им помогне на домаќините кои топло ги примиле, Норвежани, дека карактерот на војната во БиХ е поинаков од нивната перцепција, односно дека тоа не била граѓанска војна, туку „чиста окупација на една земја со помош на домашни структури за да се растури една суверена земја, БиХ, како членка на Обединетите нации.“
„Како бегалец почнувам да се бавам со овој вид уметност во почетокот како моја терапија, бидејќи бев полн со негативна енергија, а потоа подоцна да му покажам на светот за што се работи“, вели Мехољиќ.
Од тогаш па до денес слободното време го користи за цртање илустрации кои сведочат за воената и повоената ситуација во БиХ со фокус на Сребренива, Хашкиот трибунал, влијанието на меѓународната заедница…
Освен со илустрациите, се бави и со пишување на статии и книги, а само за норвешките медиуми напишал повеќе од 120 статии.
Напишал и три двојазични книги (на босански и англиски јазик) за да на пошироката јавност и биде достапна вистината за настаните во БиХ со фокус на геноцидот во Сребреница.
„Ние не смееме да заборавиме што се случи. Семето на смртта е посеано во Сребреница, но и во цела Босна и Херцеговина, која е една голема Сребреница. Би било многу трагично тоа да се заборави. Ние не смееме да заборавиме што се случи и поради загинатите жртви, поради преживеаните жртви, поради сите љубители на вистината, а и поради генерациите кои доаѓаат. Мораме да испраќаме порака дека војната никому не се исплатува и дека носи само болка, тага и сиромаштија“, рече Мехољиќ.
На изложбата е претставена и илустрација со која Мехољиќ ги спореди случувањата во БиХ во периодот 1992-1995 година со она што се случува денес во Украина.
„Тоа ми е една од последните карикатури со која сакав да ја покажат целата таа бруталност и паралела на односите на меѓународната заедница, сличните ситуации, како различно се однесуваат. Различни аршини“, рече Мехољиќ.
Тој потсети дека и денес, 30 години подоцна, постојат кругови кои го негираат геноцидот пресуден во Хашкиот трибунал.
„Не може таков однос кон минатото да заживее и да трае вечно. Мора да дојде до катарза меѓу луѓето, особено кон оние кои извршија агресија и повторно да се создаваат односи и граѓанската држава БиХ во која секој ќе биде рамноправен и ќе има право на работа, живот и просперитет, а не младите масовно да ја напуштаат БиХ и одат во свет“, рече Мехољиќ.
Изложбата ќе биде отворена седум дена.