Објавени победниците на 50. Меѓународни награди „Еми“ / Photo: AA

Меѓународната академија за телевизиски уметности и науки им додели Еми награди на телевизиски креатори и изведувачи од осум различни земји, меѓу кои и од Велика Британија, Јужна Кореја, Холандија, Австралија и Нов Зеланд за време на 50. издание на Меѓународните награди Еми, соопштија организаторите.

На овогодинешниот настан беа претставени вкупно 23 земји во 15 категории и 60 номинации. Телевизиски професионалци од целиот свет присуствуваа на галата, чиј домаќин беше презентерот Пен Џилет.

„Телевизијата ширум светот навистина стана зрела“, рече претседателот и извршен директор на Меѓународната академија, Брус Пејснер:

„Она што е особено радосно на оваа 50-годишнина е бројот на земји на глобално ниво кои произведуваат телевизиски програми и личности од светска класа кои добиваат Еми награди“.

Јужнокорејскиот актер Сонг Џонг-ки ја додели „Наградата на Дирекцијата“ на Мики Ли, потпретседател на CJ Group, додека актерите Блер Андервуд и Бенџамин Брат ја доделија „Наградата на основачите“ на писателката, режисерката и продуцентката Ава ДуВернеј.

Во режија на Џејмс Роган, Фреди Меркјури: „The Final Act“ (Велика Британија) ја освои наградата за „Најдобра уметничка програма“.

Останатите добитници на Меѓународните награди „Еми“: „Dougray Scott“ (Најдобра изведба на актер), „Lou de Laage“ (Најдобра изведба на актерка), Sex Education – Season 3 (Комедија), „Enfants de Daech, les damnes de la guerre“ (Документарен филм), „Vigil“ (Драмска серија), „Shaun the Sheep: Flight Before Christmas“ (Филм за деца: анимација), „My Better World“ (Детски филм), „KABAM!“ (Детски филм), „Queen of Speed“ (Спортски документарец), „Buscando A Frida“ (Филм од неанглиско говорно подрачје), „Love on the Spectrum-Season 2“ (Забавен карактер), „Rurangi“ (Краткометражна серија), „Yeonmo“ (Теленовела) и „Help“ (ТВ филм/мини-серија).

Претходно, во март годинава, организаторите објавија дека сите пријави од Русија поднесени на овогодинешниот настан се дисквалификувани поради војната на Москва против Украина.

„„Еми“„не може со чиста совест да работи со субјект поврзан со или финансиран од Владата на Русија“, беше наведено на Твитер.

TRT Balkan / агенции
Популарни