Писателката Лејла Шериф Емин во Истанбул доби на награда за литература

Писателката Лејла Шериф Емин од Скопје со своето дело „Јазикот на Румелија“ во турскиот град Истанбул ја доби наградата за култура и уметност за 2023 година, која ја додели Друштвото за студии за култура и уметност (ЕСКАДЕР) во категоријата „Јазик“.

Емин ја доби наградата во во текот на свеченоста одржана во Истанбул, која ѝ ја врачи генералниот конзул на Северна Македонија во Истанбул Идриз Фазлиоски.

Традиционалните награди „Уметност и култура“ беа доделени по процес на евалуација на објавените дела и културни активности за 2023 година, со придонес на членовите на здружението и многу луѓе од културната сфера, додека во 23 категории беа доделени бројни признанија и награди.

Претседателката на Управниот одбор на ЕСКАДЕР, Фатма Ерсем Јаргиџи, истакна дека наградите се избрани од делата создадени во текот на годината и дека овој процес бара сеопфатна посветеност.

Делата кои добија награди од жирито на „ЕСКАДЕР“ беа од следните области: роман, поезија, расказ, есеј, нарација, мемоари, дневник и класична уметност.

TRT Balkan / агенции
Популарни