29. Сараевски филм фестивал ќе биде одржан од 11 до 18 август 2023 година.

Признанитето за исклучителен придонес во филмската уметност почесното „Срце на Сараево“ на 29. Сараевски филм фестивал (СФФ) ќе му биде врачено на режисерот и писателот Марк Казинс.

„Ова нема да биде негова прва средба со градот - неговото прво доаѓање во Сараево беше за време на опсадата на градот, во средина на 1990-тите. Заедно со преставниците на Меѓународниот филмски фестивал Единбург, тој го посети киното „Обала Арт Центар“, каде во знак на поддршка на граѓаните на Сараево во градот под опсада се прикажуваа филмови. Тоа кино беше колевка на Сараевскиот филмски фестивал“, соопштија од прес центарот на Сараевскиот филмски фестивал.

„Донесувањето филмови од Меѓународниот филмски фестивал во Единбург во Сараево за време на неговата опсада ми покажа зошто филмовите се важни. Повеќето од она што го направив оттогаш беше под влијание на тие ужасни, инспиративни недели во 1994 година. Враќање во Сараево, за прво патување после 29 години во мене ќе разбуди поплава од емоции. Почесното срце на Сараево ќе има почесно место во мојот дом и ќе ме потсети на потребата да ризикувам, да се однесувам солидарно.Сѐ уште можам да учам од момчето какво што некогаш бев, а уште повеќе од пионерите во Сараево кои разбраа дека филмовите не се само забава, туку клучен дел од нашите животи. Многу сум благодарен“, изјави претходно Марк Казинс.

Марк Казинс е шкотско-ирски режисер. Неговите теми се инспиративна моќ на кинематографијата, градовите, патувањата, детството, архивите и обновата.

29. Сараевски филм фестивал ќе биде одржан од 11 до 18 август 2023 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни