Почина писателот Милан Кундера / Photo: AFP Archive

На 94-годишна возраст почина писателот Милан Кундера, државјанин на Франција и Чешка, кој зад себе остави многу познати дела во светот на книжевноста, особено неговиот роман „Неподносливата леснотија на постоењето“.

Веста за смртта на Кундера, прикажан како еден од најважните писатели на 20 век, ја пренесоа францускиот весник „Монд“ и чешката државна телевизија.

Кундера, кој е едно од најпознатите имиња во книжевниот свет со своите романи, раскази, драмски текстови, есеи и песни, кариерата ја започна со романот „Шега“, објавен во 1967 година.

Роден во Брно (Чешка), Кундера доби француско државјанство во 1981 година.

Кундера, кој е познат и по тоа што од средината на 1980-тите години досега не даде интервју за медиумите, зад себе остави голем број книжевни дела, од кои се издвојуваат „Смешни љубови“, „Книга за смеата и за заборавот“, „Животот е на друго место“, „Проштален валцер“, „Бесмртност“, „Незнаење“, „Идентитет“, „Изневерени тестаменти“ и „Уметноста на романот“.

Член на Американската академија за уметности и науки и на Американската академија за уметности и книжевност, Кундера има добиено голем број награди, меѓу кои се издвојуваат наградата „Ерусалим“ (1985), Австриската државна награда за европска литература (1987), меѓународната награда „Хердер“ (2000), државната чешка награда за литература., наградата Франц Кафка (2020).

AA
Популарни