Почнува 10.издание на Битола Шекспир фестивал

Под мотото „Месечината јасно свети во ноќите како оваа“, од денеска до 2-ри јули во Битола ќе се одржува јубилејното 10-то издание на Шекспир фестивалот. Оваа година на фестивалот се шест претстави, а гостуваат театарски ансамбли од Прилеп, Туркије, Србија, Италија и Бугарија.

На еден ден пред започнувањето на фестивалот во Битола на прес-конференција зборуваше директорот на Народниот театар Битола, Иван Јерчиќ кој рече дека публиката ќе има можност да проследи вкупно шест претстави, три домашни и три странски.

„И оваа година успеавме да составиме интересна програма за 10. издание, а претставите ќе се играат на сцената на НТ Битола, кои се надевам ќе бидат посетена од битолската публика. Фестивалот се отвора со претставата „Едвард II“ која копродукција на НУ Центар за култура театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес и НУ Драмски театар од Пловдив, Бугарија во режија на едно најголемите имиња на европскиот театар во моментов, Андреј Жолдак. Оваа претстава својата премиера ја имаше минатата година на сцената во Велес“, рече директорот Иван Јерчиќ.

Како што најави тој, во сабота, 29 јуни, на програмата е домаќинот Народен театар – Битола со претставата „Хамлет – денот на убиствата“ во режија на Марјан Нечак, што е уште едно современо видување на приказната за Хамлет. Преставата беше неодамна наградена во Нови Сад како најадобра претстава. Во сабота вечер ќе биде изведена и претставата „Цезар“ на Катс Шахне театар од Истанбул, Турција во режија на македонската режисерка Сибел Абдиу

Во недела, 30 јун, по трет пат во Битола гостуваат „Имперфект денсерс“ компани од Италија кои во Битола ќе ја имаат светската премиера на нивната претстава „Отело“, која по трет пат гостува во Битола.

Во понеделник 1 јули гостува Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп со претставата „Бура. Фестивалот се затвора со „Ромео и Јулија“ на Театарот „Тоша Јовановиќ“ од Зрењанин, Србија.

Последниот ден, односно на 2 јули, љубителите на театарската уметност ќе присуствуваат на изведбата на претставата “Ромео и Јулија”, во продукција на Народен театар Тоша Јовановиќ од Зрењанин, Србија.

„Материјалниот свет може да исчезне, вредностите, идеите и емоциите кои Шекспир ги претставува во своите дела се толку длабоки и универзални што можат повторно да го изградат човечкиот дух и култура, додаде директорот на Народниот театар Битола“, порача Иван Јерчиќ.

Дизајнот на визуелното решение за 10. по ред „Битола Шекспир фестивал“ е на Сашо Илковски и е графичка интервенција врз фотографија на месечината фотографирана од авторот на ‎15 ‎јуни ‎2024.

TRT Balkan / агенции
Популарни