Со ексклузивен концерт на ансанблот Exploding Star Orchestra, предводен од лидерот на чикашката авангарда, прославениот трубач, композитор, аранжер и визуелен артист Роб Мазурек, вчеравечер започна 41. издание на Скопскиот џез фестивал.     Фото: АА

Звуците на џезот и оваа година во дождливите октомвриски денови во Скопје носат свежина и возбуда за вљубениците на џез културата. Со ексклузивен концерт на ансанблот Exploding Star Orchestra, предводен од лидерот на чикашката авангарда, прославениот трубач, композитор, аранжер и визуелен артист Роб Мазурек, вчеравечер започна 41. издание на Скопскиот џез фестивал.

Организаторите најавија дека внимателно составената програма и годинава го има императивот за сочувување на високиот меѓународен рејтинг на фестивалот и традицијата тој да го претстави најдоброто од светот на џезот и импровизираната музика.

Што ќе понуди фестивалската програма?

Десет реномирани состави од САД, Бразил, Европа и Северна Македонија од 13 до 16 октомври ќе настапуваат во салонот на Националната опера и балет и во Младинскиот културен центар во Скопје. Програмата, распоредена во четири вечери, е извонредно силна, разновидна и исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите имиња на современиот џез и креативната музика денес.

Диригентот и композиторот Роб Маузрек заедно со Оркестарот Фамес Чембер (Fame's Chamber Orchestra), како и домашното трио Зулу 3.4 го отворија фестивалот и го потврдија она што веќе организаторите го соопштија во контекст на внимателно составената програма со цел фестивалот да го сочува својот меѓународен рејтинг.

Според најавата, втората фестивалска вечер ќе ја одбележи, пред сè, специјалниот проект Turiya на џез-перкусионистот број еден во светот Хамид Дрејк, посветен на делото на афроамериканската активистка, композиторка, органистка, пијанистка, харфистка, автор на неколку книги и духовен водач Алис Колтрејн.

Понатаму, петочната програма продолжува во МКЦ каде ќе настапи новото арт трио „Abacaxi“, оформено околу францускиот гитарист Џулиан Депре, а полноќниот концерт на домашниот џез состав Taxi Consilium ќе ја заокружи првата половина од годинешната фестивалска понуда.

Организаторите најавија дека внимателно составената програма и годинава го има императивот за сочувување на високиот меѓународен рејтинг на фестивалот и традицијата тој да го претстави најдоброто од светот на џезот и импровизираната музика.     Фото: АА Others

Стартот за саботната вечер на програмата на фестивалот е резервиран за бразилскиот пијанист Амаро Фреита, за кој организарорите велат дека искачувајќи го трнливиот пат од фавелите во североисточниот дел на Бразил до врвот, тој успеал со молскавична брзина да стекне статус на „светска џез-икона“.

Програмата продолжува со групата Subtropic Arkestra, пак, на трубачот Горан Кајфеш во чиј состав се некои од најдобрите шведски џез музичари.

За полноќниот термин во рамките на саботната фестивалска програма најавена есветската премиера на новиот проект на Дејмон Локс и Роб Мазурек - New Future City Radio. Како специјален гостин, ќе им се придружи бразилскиот перкусионист Мауруцио Такара (Hurtmold, São Paulo Underground...).

Последната вечер на 41. Скопски џез фестивал, на 16 октомври, ќе ја отвори џез-триото Thumbscrew, претставувано како гордоста на бруклинската авангардна сцена. Годинешното фестивалско издание ќе го заклучи еден од најзначајните и најбараните (контра)басисти на светската џез и импро сцена денес Ингебригт Хакер Флатен со својот нов проект (Exit) Knarr.

Во рамките на фестивалот ќе биде доделена и веќе традиционалната Награда за најдобар млад џез-музичар во 2022 година.

Солидарност со бегалците

Скопскиот џез фестивал и годинава, во соработка со УНХЦР, продолжува со проектот „Џез за солидарност со бегалците“.

Скопскиот џез фестивал е една од водечките културни манифестации што се организираат во Северна Македонија, со традиција од 41 последователна година и со призната репутација во Европа и во светот.

Скопскиот џеџ фестивал се вбројува и меѓу водечките џез фестивали во Европа. Фестивалот, кој е член на престижната асоцијација „Европска џез мрежа“, за првпат беше организиран во далечната 1982 година.

TRT Balkan
Популарни