Од 17 до 20 октомври ќе се одржи Скопскиот џез фестивал.
Фестивалот годинава ќе го отвори супериорно најдобрата и најпопуларна џез-пејачка во светот, трикратната Греми лауреатка Сесил Меклорин Салвант од САД со нејзиниот блескав квартет во кој, меѓу другите, членува и еден од водечките американски џез-пијанисти, Саливан Фортнер. Опишана од Џеси Норман како „уникатен глас поткрепен со интелигенција и апсолутна музикалност“, Салвант се прослави со својата способност да откопува заборавени песни, оживувајќи ги со силни наративи, неочекувани пресврти и богата емоционална длабочина.
Концертите на Сесил Меклорин Салвант се неповторливи доживувања, во кои таа покажува неверојатно чувство и талент за раскажување приказни.
Организаторите истакнуваат дека фестивалската програма годинава е исклучително силна, внимателно селектирана и исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите светски имиња на современиот џез и креативната музика денес:
17 октомври НОБ, 20:00 >> Cecile McLorin Salvant МКЦ, 23:00 >> Next to Silence
18 октомври НОБ, 20:00 >> Rodrigo Amado Тhe Bridge • The End
19 октомври НОБ, 20:00 >> David Virelles • Rob Mazurek Exploding Star Orchestra МКЦ, 24:00 >> Alabaster DePlume
20 октомври НОБ, 20:00 >> Nicole Mitchell & Mark Sanders • Fire! Orchestra
Програма плус 12 октомври, AудиоКултура, 20:00 >> Промоција на CD: Next to Silence - 'Ruh' 16 октомври, Галерија МКЦ, 19:30 >> Rob Mazurek: Radical Chimeras - изложба 16 октомври, Кино Фросина, 21:00 >> Miles Davis: Birth of the Cool - докум. филм 19 октомври, Јуроп Хаус, 12:00 >> Jazz for Kids - работилница за деца