Турското кафе, кое е симбол на задоволство во Туркије и во светот, има посебен ден. Петти декември, денот кога УНЕСКО го дефинира турското кафе како нематеријално културно наследство на човештвото, се слави како Светски ден на турското кафе.
Зрното арабика се меле за да се создаде турско кафе, кое стана познато низ светот. Турското кафе е јако и има посебни методи на подготовка и послужување.
Историјата на кафето во Анадолија, што се проширило во Туркије и Европа преку патниците од Јемен во 15 век, датира од 1500-тите години.
Турското кафе, кое станало попопуларно во Османлиската империја, прво во палатата, а потоа и во јавноста, за кратко време оставило свој белег во секојдневниот живот и се проширило во Европа.
Како се подготвува турското кафе?
Турското кафе се подготвува во ѓезве. За една шолја турско кафе треба да додадете една шолја вода (мора да ја користите истата шолја) и една лажица кафе. По додавањето на кафето, не се додава шеќер, па затоа мора да додадете шеќер пред да започнете со варење. Кога кафето ќе почне да врие, оставете ја пената да нарасне, па тргнете го од оган и тоа потоа ќе даде многу пена. Исто така, дел од традицијата е Турците да служат кафе со чаша вода и нешто благо, по можност турско слатко - локум.
Во Истанбул турското кафе не може да се служи без да биде топло, тоа е посебно затоа што се служи во филџан.
Кафето како општествен феномен во најголем дел го прифатиле и развиле народите од Балканот, а особено во Босна и Херцеговина, каде се говори за босанското кафе кое до некаде се разликува од изворното турско кафе по. начинот на подготвување и служење, но нејзината општествена улога останала иста низ вековите.
Денес може да се говори за уште многу варијанти на кафето со оглед на нејзиното потекло и начинот на подготвување, но нејзината улога секаде е иста, а таа е да ги смирува и собира луѓето да се дружат. Во балканските земји, доколку некој ве повика на кафе, тоа и не мора да значи дека ќе пиете кафе, бидејќи кафето стана и своевиден симбол на дружење.
Независно дали сакаат турско, босанско, еспресо, појако, послатко или со млеко, луѓето на Балканот најчесто работниот ден го почнуваат и завржуваат, се дружат и склучуваат деловни договори со филџан или шолја кафе. Кај пријателите и на радост и на тага се оди на кафе, а неизоставен дел е и од свечените празнични трпези кај сите народи и народности од овие краишта.