Светскиот ден на турското кафе го одбележа амбасадата на Туркије во Скопје / Photo: AA

Во Скопје беше организирана активност од страна на Амбасадата на Република Туркије по повод Светскиот ден на турското кафе.

На настанот учествуваа претставници на турските организации Институт „Јунус Емре“, „Туркиш ерлајнс“, како и голем број гости.

Светскиот ден на турското кафе го одбележа амбасадата на Туркије во Скопје AA

„Задоволство ми е што ве среќавам на овој настан организиран од филијалата на Туркиш ерлајнс во Скопје по повод 5 Декември, Светскиот ден на турското кафе“, изјави Џунејт Талха Озјурек од Турската амбасада и додаде:

„Во 2013 година, УНЕСКО го додаде турското кафе на својата листа на нематеријално културно наследство, со што за прв пат додаде културен пијалак на оваа листа. За нас турското кафе е многу повеќе од само пијалак. Тоа е составен дел од нашата култура и иднина“.

Зборувајќи за важноста на турското кафе, Озјурек истакна:

„Покрај добриот вкус, турското кафе е можност да се обединиме со нашето семејство, пријателите и најблиските. Ние не ги испраќаме гостите кои доаѓаат во нашиот дом или на работното место без да им понудиме турско кафе“.

Тој исто така потсети дека туристите кои доаѓаат во Туркије од Балканот и од други делови во светот, не се враќаат во своите земји без да го пробаат вкусот на турското кафе.

На крајот на настанот на присутните им беше понудено турско кафе со локум.

Денот на турското кафе се одбележа и во Косово и Албанија

Институтот „Јунус Емре“ во Приштина го одбележа 5 Декември - Светскиот ден на турското кафе. Во просториите на Институтот беше поставена маса со турско кафе и локум за граѓаните.

Десетици луѓе од различна возраст се собраа за да го одбележат овој посебен ден, уживајќи во турското кафе направено со различни методи.

Во Албанија, во градот Скадар беше организирана активност по повод Светскиот ден на турското кафе.

На настанот организиран од страна на Институтот „Јунус Емре“ - Скадар присуствуваа претставници на турските институции во Албанија, претставници на локални институции и разни организации.

На граѓаните на Скадар и гостите на манифестацијата неколку часа им се служеше турско кафе и други традиционални турски деликатеси.

AA
Популарни