„Традиционалната музика е џезот на мојот народ“

Богатата таписерија на македонската култура е исткаена со нишки на историја, традиција и различност, како одраз на сложената интеракција на нејзиното вековно наследство.

Македонскиот пејсаж е обликуван од конвергенцијата на различни етникуми и култури низ вековите.

Оваа земја е седиште на културно наследство, ковано со векови преку интеракциите на различните етникуми, култури и традиции.

Во срцето на оваа музичка традиција лежи волшебниот глас на Зарина Првасевда, македонска пејачка, која со своите интерпретации ја популаризира традиционалната музика.

Зарина Првасевда за ТРТ Балкан: „Традиционалната музика е џезот на мојот народ“ Others

„Традиционалната музика е џезот на мојот народ и јас верувам дека таа може да биде рамо до рамо со сите други алтернативни правци на музика и се трудам тоа да го покажувам, односно, првин со пример со живеење, а подоцна и тоа се слуша во тоа што го работам“, вели Зарина во почетокот на разговорот за ТРТ Балкан.

Во интервјуто, таа говреше за нејзината љубов кон традиционалната музика, желбата да ја популаризира и промовира не само национални рамки, туку и многу пошироко.

Возбудливост во интерпретацијата

Според Зарина, умешноста во работењето на традиционална музика е да се најде балансот помеѓу импровизирање со современа и со традиционална музика, но истовремено да се биде автентичен во тоа и креираниот звук да потсетува на нешто урбано.

Оваа земја е седиште на културно наследство, ковано со векови преку интеракциите на различните етникуми, традиции и култури. Затоа, Зарина нема дилема дека нејзините интерпретации на повеќе јазици на народите и заедниците од овие простори се чекор кон нивното меѓусебно спознавање и приближување.

Зарина Првасевда за ТРТ Балкан: „Традиционалната музика е џезот на мојот народ“ Others

„Се соживувам со песните. Тоа е затоа што, на јазиците на кои пејам имам пријатели кои ми се репрезентативен примерок за тоа како песната звучи дали добро ја изведувам или не. А претходно, пред да почнам да ја изведувам песната се консултирам со нив во однос на текстот за да можам да го разберам текстот и да можам да се соживеам со тоа, па истражувам од кој регион е и како тоа треба да звучи таму“, открива Зараина во разговорот и додава:

„Многу се радувам кога ќе видам луѓе кои не се од моето говорно подрачје, кои не зборуваат македонски јазик, кога доаѓаат на концерт и си поминуваат преубаво исто како и Македонецот. И тоа е идејата со ова што го правам.“

Појасува дека традиционалната музика за неа не е нешто страно.
„Не треба многу за јас да го разберам, затоа што јас го имам живеено тоа“, уверува Зарина.

Во интервјуто за ТРТ Балкан, меѓу останатото, Зарина појаснува како низ годините ја разбрала важноста за потребата од грижлив пристап кон фолклорот како нематеријално културно богатство на еден народ.

„Кога подоцна низ годините, околу 24/25 година, разбрав колку е важнo ние да се грижиме за тој фолклор; за тоа како мојата комшивка пееше додека нижеше тутун разбрав која е вредноста на тоа дека тоа е многу силно многу значајно за мојот народ, дека тоа сведочи за културната еволуција помеѓу едно време дамнешно што мириса на нафталин и ова што ние сега го живееме како секојдневие“, раскажува Зарина.

Концертот во Македонска филхармонија како незаборавно животно искуство

Зборувајќи за досегашното искуство на музичката сцена и моментите кои вреди да ги издвои, таа со особено задоволство говори за одржаниот концерт во Македонска филхармонија во Скопје и аплаузите од публиката.

„Не можам да го заборавам првиот аплауз. Не можам да ги заборавам сите аплаузи кои се случија таа вечер, не можам да ја заборавам сликата кога седев позади во бекстејџ (зад сцена). Има еден екран во којшто гледам како луѓето поминуваат и како салата се полни до последно место. Тоа за мене беше едно од најсилните, најемотивните, најинспиративните искуства во мојот живот и тој 15 април засекогаш е врежан некаде во моето срце“, истакнува Зарина.

Очи во очи со публиката

Зарина Првасевда за ТРТ Балкан: „Традиционалната музика е џезот на мојот народ“ Others

За уметниците неретко велат дека најголемата награда за нив е аплаузот од верната публика и чувството дека вреди да се твори бидејќи постојат луѓе што тоа го порепознаваат како вистинска вредност.

„Сите овие работи што сега ги правам јас ги сонувам и кога се случуваат нема што да додавам „масло врз огинот“, туку едноставно само го живеам, тоа го сакам, за тоа сонувам за тоа работам … И тоа ми е супер момент кога можам да се видам со сопствената публика очи во очи и конечно да си ги поделиме тие наши искри едни со други“, надополнува Зарина.

Како поблиску до традиционалната музика?

Во разговорот со Зарина, природно се наметна прашањето на кој начин таа се доближува поблиску до традиционалната музика, во време на развиена технологија, брз начин на живот и постојана „трка“ со времето.

„Одам во села, по нови села истражувам и гледам како живеат тие луѓе. Застанувам со нив, си зборувам. Имам роднини кои живеат во села, па ако можам во текот на летото да се најдам во некоја ситуација да се вратам назад кај нив и да одам на пример на берење тутун да нижам со нив, да одам на трактор да слушам како зборуваат… Јас тоа го сакам, јас уживам во тоа“, вели Зарина.

Поистоветување со артисти кои оставиле печат во традиционалната музика

За крај на разговорот, истакнува дека не постои унифицирана формула за тоа како да се биде препознаен од широкиот аудиториум, но сепак визијата и упорноста вродуваат со плод на подолги патеки.

„Јас најдов начин како да ми е лесно да се изразувам и тоа да функционира без да имам некоја сериозна потреба од теоретско знаење во музиката, особено не во оваа музика и затоа се мотивирам од примерите како Вања Лазарова, како Мирвет Беловски, кои немале никакво апсолутно образование, тие само знаеле да пејат. Како? Пееле по интуиција. Но, тие луѓе го оставиле печатот на тоа како се пеело во тоа време“, заклучува Зарина во интервјуто за ТРТ Балкан.

TRT Balkan
Популарни