Туркије го поздрави археолошкото откритие во Монголија од ерата на Ѓоктурк     Фото: АА

Туркије го поздрави отркивањето на спомен комплексот во Монголија за кој се верува дека му припаѓа на Илтериш Кутлут Каган, основачот на вториот Ѓоктурк Каганат.

„Откривањетона комлексот во регионот Номгон во Монголија каде што се наоѓа и историскиот Отукен, предизвика задоволство и возбуда. Ова е трето важно откритие на просторите на Монголија по написите на Орхон (Кул Тигин и Биле каган) и написите на Билге Тонјукук пронајдени во 1889 и 1897 година”, се вели во соопштението на Министерствот за надворешни работи на Туркије.

Понатаму се истакнува дека ова неодамнешно откритие како знак на турско-монголската соработка е значајна пресвртница за турската историја но истовремено нов споменик во богатото културно наследство на Монголија.

Ископувањата беа спроведени од Турската академија во Нур Султан заедно со Монголскиот археолошки институт.

Говорејќи на прес-конференција во монголската престолнина, шефот на Меѓународната турска академија Дархан Кидирали рече дека споменичкиот комплекс е на површина од 49 квадратни метри и се верува дека е најстариот пишан дел од историјата од периодот на Ѓоктурк кој датира од шестиот век.

Исто така се верува дека е најстарото познато пишано споменување на зборот „Турк”.

Билатерална соработка

Во јули, остатоците од летната резиденција на Хулагу Кан од Илханатската империја беа пронајдени во областа Калдиран во турската област Ван преку заедничка работа на турски и монголски историчари и археолози.

Ископувањето, зачувувањето и промоцијата на овие споменици ќе продолжи да биде една од најважните области на соработка меѓу двете земји, соопшти турското МНР.

„Во тој поглед, би сакале да им се заблагодариме на монголските власти за нивната поддршка во процесот и на сите научници кои учествуваа во ископувањата“, се вели во извештајот.

TRT World
Популарни