Досега 25 турски културни елементи се најдоа на листата на УНЕСКО     Фото:  / Photo: Getty Images

Две од мултинационалните вредности на Туркије, чајот и богатата традиција на раскажување приказни за познатиот сатиричар од времето на Селџуците, Насредин Оџа, се додадени на списокот на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

Номинациите беа впишани во списокот на УНЕСКО за време на 17-тата сесија на Меѓувладиниот комитет за заштита на нематеријалното културно наследство што се одржа во Рабат, Мароко од 28 ноември до 3 декември.

Чајот е симбол на идентитетот, гостопримството и друштвената интеракција во Туркије, додека Насредин Оџа има уникатно место во турскиот фолклор.

Номинацијата за традицијата на Насредин Оџа беше поднесена со Азербејџан, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан, соопшти Министерство за надворешни работи на Туркије, додавајќи дека номинацијата за турскиот чај е поднесена заедно со Азербејџан.

Досега, бројот на турските културни елементи впишани на листата на УНЕСКО достигна 25.

„Ќе продолжиме да ги негуваме и да ги носиме нашите богати усни традиции и изрази во иднината и да ги промовираме нашите општествено вградени културни елементи кои имаат силна и длабоко вкоренета традиција“, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Минатата недела, Министерството најави вклучување на мултинационалната „Свиларството и традиционално производство на свила за ткаење“ на списокот на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

TRT World
Популарни