Во Подгорица прикажан документарецот на ТРТ Ворлд „Свето откупување“         Фото: АА / Photo: AA

Во организација на палестинската амбасада во Црна Гора, во културно-информативниот центар „Будо Томовиќ“ во Подгорица вчера е прикажан истражувачкиот документарец на ТРТ Ворлд „Свето откупување“, кој ја презентира суровата бруталност на израелските доселеници на Западниот брег.

Овој истражувачки документарец го разоткрива насилството на израелските доселеници со цел заземање на палестинската земја со систематско протерување на Палестинците од нивните домови на окупираниот Западен Брег.

Преку серија интервјуа и детално известување, истражувачкиот документарец го открива колонијалниот начин на размислување на Израел и добро координираната агенда меѓу државните актери и вооружените еврејски банди.

„Свето откупување“ прикажува терористички напади, обиди за палење села и неселективни напади - суровата, нехумана реалност што ја наметна Израел на градовите и селата на Западниот Брег.

По премиерата на 24 август во Истанбул, ова револуционерно истражувачко дело на ТРТ Ворлд беше прикажано во Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, во септември, кога филмот ја освои наградата на програмското жири на седмиот меѓународен фестивал на документарен филм Ал Џезира Балканс, AJB DOC.

Потоа, во октомври филмот е прикажн и во Њујорк, во Соединетите Американски Држави. На вчерашното прикажување на филмот во Подгорица присуствува, помеѓу останатите, амбасадорот на Палестина во Црна Гора Раби Алхантули, турскиот амбасадор во Црна Гора Бариш Калкаван, министерот во Владата на Црна Гора Ернад Суљевиќ.

Документарецот „Свето искупување“ настана така што истражувачкиот тим на ТРТ Ворлд 22 дена се инфилтрираше во радикалните ционистички групи и откри како младите израелци слепо ги следат своите водачи во стратегијата на насилно раселување на Палестинците, преку илегална изградба на еврејските населби.

AA
Популарни